STUDENTI PROTEST CHESHKA

22.04.2026 Скопје

Илјадници средношколци и студенти денес маршираа низ Прага. Протестираа против владиниот план за менување на системот на финансирање на јавните медиуми, така што главната чешка телевизија и радио во иднина би се финансирале од буџет за кој одлучува Владата, што според демонстантите претставува опасен притисок врз медиумската независност.

Помали протести беа организирани низ цела Чешка.

Новата коалициска влада предводена од премиерот Андреј Бабиш го изработи планот за укинување на надоместоците што ги плаќаат поединци, домаќинства и бизниси за пристап до овие медиуми.

Наместо тоа, јавните медиуми би биле целосно зависни од државниот буџет. Критичарите велат дека тоа би ја загрозило нивната автентичност, објективност и самостојност.

Нацрт-планот значително би ги намалил тековните буџети на јавните медиуми. Тој сè уште треба да добие одобрување од владата и парламентот.

Синдикатите на вработените во медиумите соопштија дека се подготвени да стапат во штрајк доколку владата продолжи со законските измени, кои би можеле да стапат на сила следната година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author