22.04.2026 Скопје
Непосредно пред клучните разговори за нов заем за Украина, Киев објави дека нафтоводот „Дружба“, кој пренесува нафта од Русија до Европската Унија, е целосно поправен.
Претседателот Володимир Зеленски преку Телеграм потврди дека нафтоводот може повторно да биде ставен во функција, нагласувајќи дека Киев сега го очекува ослободувањето на ветените, но замрзнати средства од ЕУ.
Транзитот на нафта кон Словачка и Унгарија беше прекинат кон крајот на јануари, откако според украински извори, руски дрон оштетил делови од нафтоводот во Броди, западна Украина.
Сепак, двете соседни земји изразија сомнеж во официјалната верзија на Киев и побараа независна истрага за случајот. Како одговор на прекинот на нафтата, Будимпешта и Братислава ги запреа испораките на дизел за Украина.
Владата на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, го блокираше плаќањето на првата транша од заемот на ЕУ во вкупна вредност од 90 милијарди евра за Украина. Унгарија јасно стави до знаење дека ќе го повлече своето вето само доколку повторно добие непречена испорака на руска нафта преку „Дружба“.
Подготвено од А.Ѓ.