Serbia's President Aleksandar Vucic Interview

27.04.2026 Скопје

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју со поранешниот советник на британскиот премиер Тони Блер, Алистер Кембел, зборуваше за односите на Србија со Русија, Кина и со Европската Унија, објавија српските медиуми.

Интервјуто, водено со Вучиќ од Алистер Кембел и Рори Стјуарт, беше објавено на платформата „Ејпл поткаст“ под наслов „Претседателот Александар Вучиќ: Русија, Кина и како Србија би можела да се приклучи на ЕУ“.

Кембел, во чиј поткаст гостуваше Александар Вучиќ, во исто време е човекот од кого претседателот на Србија научи како континуирано да го контролира наративот, односно главната медиумска и политичка приказна во српската држава. Во работата на кабинетот на Вучиќ како премиер, Кемпбел држел обуки за службеници на српската влада. Алистер Кембел е познат како спин-докто, официјално како директор за комуникации и стратегија на поранешниот британски премиер Тони Блер.

Помогнете ни да ја разбереме вашата позиција и однос со Русија?, Кембел го праша Вучиќ, на што тој одговори: „Се претставувате како светилник на демократијата, а Русија е светилник на злото, што не е вистина“.

Како што додаде претседателот на Србија, „постојат различни култури, различни традиции“.

Медиумите објавија дека Кемпбел дошол на интервју со Вучиќ на 22 април.

Алистер Кемпбел објави и неколку фотографии со Вучиќ од неговата канцеларија на мрежата „Икс“, особено истакнувајќи ја пушката на Милан Обреновиќ, која претседателот на Србија ја доби како подарок од Владимир Путин, претседателот на Русија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author