28.04.2026 Скопје
Речиси четири од десет Италијанци направиле „детоксикација од социјалните медиуми“ барем еднаш, покажува нов извештај од истражувачкиот институт „Ценсис“.
Според анкета од 2025 година, 38,1 процент од граѓаните изјавиле дека привремено го ограничиле или целосно престанале да ги користат социјалните медиуми, преку намалување на времето поминато онлајн, деактивирање на сметки или бришење апликации.
Околу 15,3 проценти од испитаниците изјавиле дека редовно прават вакви паузи.
Најчеста причина за „дигитална детоксикација“ е чувството на преоптовареност – 25,6 проценти од испитаниците велат дека социјалните медиуми премногу ги одвлекуваат од секојдневните активности.
Исто така, 20,6 проценти сакаат да си вратат време за себе и за активностите офлајн.
Анкетата, исто така, покажа дека 17,8 проценти од испитаниците стравуваат дека развиле зависност од социјалните медиуми, додека 17,4 проценти сакаат да ја заштитат својата приватност.
Дополнително, 16,7 проценти го навеле социјалниот притисок и постојаното споредување со другите како причина за пауза, додека 14,9 проценти веруваат дека социјалните медиуми негативно влијаат на расположението.
Наодите укажуваат на растечка свест за влијанието на дигиталните платформи врз менталното здравје и секојдневниот живот.
Подготвено од А.Ѓ.