28.04.2026 Скопје
Претседателите на Финска и Естонија денес објавија дека испораките на дел од американската воена опрема во Европа се одложуваат поради војната на Блискиот Исток.
Финскиот претседател Александар Стаб изјави дека дел од американските резерви се пренасочуваат кон други области поради конфликтот во Иран, но оцени дека тоа не е причина за загриженост за Финска.
Естонскиот претседател Алар Карис изјави дека неговата земја е информирана за доцнењата во испораката на ракетните системи HIMARS.
„Ова е сигнал дека во Естонија и во Европа воопшто, треба многу побрзо да ја развиваме нашата одбранбена индустрија“, рече Карис.
Подготвено од А.Ѓ.