abu dabi

30.04.2026 Скопје

Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати денеска објави забрана за патување за своите државјани во Иран, Либан и Ирак и ги повика сите граѓани кои се наоѓаат во овие земји што е можно побрзо да ги напуштат и да се вратат во ОАЕ.

Во соопштението се наведува дека одлуката е донесена „во светло на актуелните случувања во регионот“.

Како дел од посветеноста на ОАЕ за следење на состојбата на своите граѓани во странство и обезбедување на нивната безбедност, министерството ја нагласи важноста од почитување на издадените упатства и предупредувања.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author