30.04.2026 Скопје
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави денеска дека би размислил за повлекување на американските трупи од Италија и Шпанија.
Трамп им рече на новинарите „веројатно“ кога беше прашан дали би размислил за повлекување на американските трупи од Италија и Шпанија, еден ден откако објави дека Вашингтон разгледува намалување на бројот на воен персонал во Германија.
Тој вчера изјави дека Пентагон ја разгледува можноста за повлекување на дел од американските војници од вкупно 40.000 кои се стационирани во Германија.
Трамп на социјалните мрежи наведе дека се преиспитува распоредот на американските сили во Германија, каде што се наоѓа и седиштето на Европската команда на САД, истакнувајќи дека постојното распоредување е дел од пошироката НАТО стратегија за одбрана на европскиот континент.
Подготвено од А.Ѓ.