nato_w_h

24.04.2026 Скопје

НАТО соопшти дека не постои одредба според која земја-членка може да биде суспендирана или исклучена од воениот сојуз, откако се појави извештај дека САД би можеле да бараат суспензија на Шпанија поради нејзиниот став во врска со војната со Иран.

Претставник на НАТО изјави дека основачкиот договор на алијансата „не предвидува никаква можност за суспензија или за исклучување од членството“.

Премиерот на Шпанија, Педро Санчес, исто така, го отфрли извештајот.

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги критикуваше НАТО-сојузниците за недоволна поддршка во конфликтот со Иран, особено по ограничувањето на сообраќајот низ Ормускиот Теснец. Шпанија одби да отстапи бази, додека, пак, Санчес инсистира на меѓународно право.

Кир Стармер е против поголемо вклучување, иако Британија помага. Пентагон разгледувал мерки против „непослушни“ сојузници, вклучително и преиспитување на поддршката за Фолкландските Острови.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author