24.04.2026 Скопје
Прес-конференција за војната во Иран се одржа во Пентагон, каде министерот за одбрана Пит Хегсет ги презентираше најновите информации за напредокот на операцијата „Епски бес“, но притоа упати и остра порака до Иран „Откажете се од вашето нуклеарно оружје или гледајте како вашата земја се распаѓа“.
Пит Хегсет ја започна својата презентација во Пентагон истакнувајќи ја воената моќ на САД, за која тврди дека постигнала „одлучувачки воени резултати“ во Иран.
Министерот за одбрана на САД додаде дека Иран сега има „важен избор“. Според него, Техеран има „можност да склучи договор, добар и мудар договор“.
Тој изјави дека блокадата на американската морнарица на иранските пристаништа „станува сè посилна секој ден“.
Хегсет нагласи дека блокадата „станува глобална“, како што рече дека е потврдено со пресретнувањето на два ирански брода во Индо-пацифичкиот регион кои пловеа пред блокадата да стапи на сила.
Министерот продолжи велејќи дека Техеран има „отворен прозорец да донесе мудра одлука“.
Потоа Хегсет го повтори американскиот и израелскиот став дека „Иран никогаш нема да има нуклеарна бомба“. Повторувајќи го Доналд Трамп, тој рече: „Со оваа блокада, времето не е на нивна страна“.
Подготвено од А.Ѓ.