EU IZRAEL

21.04.2026 Скопје

Седум земји на Европската унија, вклучувајќи ги Франција и Шведска, повикаа на воведување европски санкции против Израел во пресрет на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург на 21 април.

Франција и Шведска се приклучија на барањето на уште пет други држави на Европската унија кои бараат санкции против Израел, со предложена забрана за троговија со производи од доселеници, наведува медиум, повикувајќи се на неформалниот предлог што го имал на увид – нацрт од писмото што Шведска го има подготвено за утрешниот министерски состанок.

„Меѓутоа, веруваме дека постојаната и брзо влошувачка ситуација бара таква акција“, се додава во тој документ.

„Независно од тоа што во јасното прекршување на меѓународното право, населбите и насилството на населениците растат со рекордна брзина“, се наведува во француско-шведскиот предлог.

Двете земји изразија уверување дека „ЕУ мора итно да го зголеми притисокот на Изрел и да ја прекине својата политика и пракса на населување“, на окупираните подрачја.

Подготвено од М.Д.

About Author