BAGEI

29.04.2026 Скопје

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, го осуди потегот на Бахреин во понеделник да им го одземе државјанството на граѓаните на земјата поради изразување симпатии кон Иран.

Багеј рече дека ова покажува „дискриминаторски пристап“ од страна на властите во Бахреин.

„Владата на Бахреин не може да ја користи оваа тактика за отстранување на непожелни елементи со цел да го одвлече вниманието на јавноста на оваа земја и регионот од нивната директна одговорност во поддршката и следењето на американско-израелските агресори против иранската нација“, рече Багеј.

Иранската влада го обвини Бахреин за кршење на човековите права на 69 лица чие државјанство беше одземено поради наводна поддршка на иранските напади врз земјата.

Министерството за внатрешни работи на Бахреин ги објави мерките во понеделник, обвинувајќи ги оние чие државјанство е одземено за симпатии кон Иран и „заговор со странски субјекти“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author