20.04.2024 Скопје

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, му посвети големи зборови на Никола Јокиќ.

Двајцата ќе играат дуели во првото коло од плејофот на Западот, а воведниот меч е закажан за в недела од 14 часот и 30 минути.

Пред таа средба Леброн ја најави играта, спомнувајќи го српскиот центар, двократниот МВП на НБА.

„Никола Јокиќ е еден од најдобрите играчи што некогаш ја играле играта. Тоа е едноставно“, рече Џејмс.

Џејмс објасни зошто го мисли тоа.

„Тој прави сè. Најважно е што ги менува своите соиграчи, го менува нивното размислување за оваа игра. Кога сте во можност да ги инспирирате играчите да играат на тоа ниво на кое не ни веруваат дека можат, тоа е доказ дека ти си одличен“, рече Леброн.

Инаку, Денвер ги доби последните осум натпревари против ЛА Лејкерс.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *