27.10.2022 Скопје
Вработените мајки не треба да се чувствуваат виновни што ги оставиле своите деца во дневен престој поради работните обврски и посветување на кариерата. Новото истражување покажа дека детето има многу придобивки од тоа.
Во истражувањето учествувале 50.000 мајки од 25 земји во светот. Резултатите биле зачудувачки, бидејќи децата на вработени мајки имале повисок степен на образование, но и попрофитабилни работни места, од кои заработувале голема сума на пари.
Спротивно на тоа, истражувањето покажало дека децата чии мајки биле посветени на домаќинството имале помали плати и помалку добри работни места.
Кетлин Мекгин, професорка на Харвард и автор на студијата, објасни дека вработените мајки често се чувствуваат виновни, бидејќи мислат дека на нивните деца ќе им биде многу подобро ако останат дома со нив. Сепак, она што е забележано врз основа на резултатите од истражувањето е дека нивните деца имаат голема корист од вработените мајки, на пример, многу рано учат за својата независност.
Подготвено од А.Ѓ.