18.04.2022 Скопје
По завршувањето на кариерата на Миркуловски, следен кој ја напушта Македонската ракометна репрезентација е Стоилов.
По денешниот натпревар со репрезентацијата на Чешка во кој Македонија ја победи и обезбеди пласман на Светското првенство, Стоилов соопшти дека става крај на својата репрезентативна кариера и истакна дека неговата одлука е конечна, затоа што знае дека има кој вистински да го замени.
Селекторот Кире Лазаров на прес – конференцијата низ солзи порача дека ќе биде тешко без Стоилов, но ја почитува неговата одлука.
Подготвено од А.Ѓ.