04.08.2026 Скопје
Општина Касандра денес предупреди дека водата од чешма не треба да се користи за пиење, готвење и миење заби, откако беше откриена микробиолошка контаминација во примерок од вода за пиење од водоводната мрежа во Сивири.
Како што е наведено, забраната ќе остане на сила сè додека не се завршат сите потребни проверки.
Контаминацијата ја открила Дирекцијата за јавно здравје и социјална заштита на Регионалната единица Халкидики, според која, при микробиолошкото испитување на примерок од вода за пиење, биле откриени микробиолошки параметри кои, како што наведува надлежниот здравствен орган, можат да претставуваат ризик за јавното здравје.
Општина Касандра ги повика жителите да користат флаширана и соодветно зовриена вода.
Подготвено од А.Ѓ.