20.08.2026 Скопје
Шпанските власти урнаа импровизиран камп за мигранти на плажата Трамболина во Сеута, откако голем број мигранти пристигнаа во шпанската енклава во Северна Африка.
Според извештајот на дописникот на „Известија“, Михаил Блохин, шпанската полиција, во соработка со Цивилната гарда, го отстранила кампот во текот на утрото, додека илјадници мигранти кои останале на локацијата сега се под надзор на надлежните служби.
Според полицијата, мигрантите што останале во Сеута ќе бидат сместени во привремени кампови подготвени од шпанските вооружени сили. Распределбата ќе се врши во зависност од нивното потекло.
Подготвено од А.Ѓ.