06.08.2026 Скопје
Иранска парламентарна комисија разгледува закон со кој ќе им се забрани на американските, израелските и другите „непријателски“ бродови да минуваат низ Ормускиот теснец, изјави денес пратеник во парламентот.
Пратеникот, кој зборуваше под услов да остане анонимен, за иранската новинска агенција Фарс изјави дека нацрт-законот ќе предвиди казни до 20 проценти од вредноста на товарот на бродот за кршење на предложените ограничувања.
Според пратеникот, законот сè уште е во фаза на експертска рецензија, а иранскиот парламент ги покани експертите да достават препораки пред да се финализира неговиот нацрт.
Подготвено од А.Ѓ.