masoud-pezeshkian

17.08.2026 Скопје

Иран ќе ја ескалира ситуацијата во Ормутскиот теснец и поширокиот регион ако дипломатијата со САД не успее, изјави денес висок ирански функционер.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека Иран никогаш не може да има нуклеарно оружје.

„Целта број еден е, и секогаш ќе биде, Иран никогаш да не смее да има нуклеарно оружје“, напиша Трамп во објава на својот профил на Твитер.

Неговиот коментар доаѓа на денот кога истекува Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран, чија цел е да се стави крај на војната.

Договорот, потпишан на 17 јуни од Трамп и иранскиот претседател Масуд Пезизкијан, следеше по разговорите на високо ниво, организирани од Пакистан.

Целта на Меморандумот беше да се стави крај на војната што траеше повеќе од три месеци, уби илјадници луѓе и го наруши трговскиот сообраќај во Персискиот Залив, особено извозот на нафта и гас од кои зависи целиот свет.

Оставајќи ги сложените прашања како што е нуклеарната програма на Иран за подоцна, договорот имаше за цел не само да најде итно дипломатско решение за запирање на војната со Техеран, туку и да го прекине конфликтот во Либан.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author