20.08.2026 Скопје
Централната команда на САД (CENTCOM) денес објави дека 67 комерцијални бродови биле пренасочени во Ормутскиот теснец за време на спроведувањето на блокадата на иранските пристаништа.
„До 20 август, американските сили пренасочија 67 комерцијални бродови, онеспособија три и се качија на два што беа на пат кон или од иранските пристаништа за да ја спроведат својата обновена поморска блокада“, се вели во соопштението објавено од ЦЕНТКОМ на платформата X.
Портпаролот на ЦЕНТКОМ за Ал Џезира изјави дека американската војска го олеснила преминувањето на 1.300 бродови низ Ормускиот теснец од почетокот на мај. САД воведоа поморска блокада на иранските пристаништа, како и придружба за бродовите што пловат кон други дестинации, откако Иран воведе блокада на Ормускиот теснец, низ кој минува една четвртина од нафтата и гасот на меѓународниот пазар.
Подготвено од А.Ѓ.