20.07.2026 Скопје
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека Иран ќе се соочи со сериозни последици за секој напад во кој ќе биде убиен американски војник и рече дека издал директива до врвните американски воени претставници за таа цел.
„Секој пат кога Иран ќе убие американски војник, ќе плати за тоа многукратно“, напиша Трамп на својот Твитер профил, Truth Social.
Тој додаде дека таква директива ја проследил до министерот за одбрана Пит Хегсет, претседателот на Здружениот штаб на вооружените сили на САД, Ден Кејн, и до сите воени команданти.
Централната команда на САД претходно објави дека двајца американски војници, на возраст од 19 и 25 години, биле убиени во петокот во напад врз воена база во Јордан.
ЦЕНТКОМ соопшти дека трет американски војник е сè уште исчезнат по нападот во Јордан и дека човечките останки пронајдени на местото на настанот се идентификуваат. Во одделен инцидент во Ирак во саботата, друг американски војник беше убиен за време на активностите поврзани со отстранување на соборен ирански дрон, соопшти Централната команда.
Подготвено од А.Ѓ.