MADZARR

29.06.2026 Скопје

Унгарскиот премиер Петер Маѓар денес изјави дека во првите 50 дена од неговата влада, Унгарија се вратила во Европа и дека инфлацијата паднала на нивоа невидени со години.

Тој на парламентарна седница изјави дека финансирањето на јавниот долг станало значително поевтино и дека земјата повторно води предвидлива економска политика.

Според него, во тој период е започната најголемата антикорупциска кампања во унгарската историја, наречена „Операција Пресметка“, а наскоро ќе бидат доставени и потребните закони за основање на Националната канцеларија за враќање и заштита на средствата.

„Претходната влада намерно ја измами земјата и народот. Додека владата на Орбан го лажеше унгарскиот народ за буџетскиот дефицит од 3,7 проценти за оваа година, а потоа и за 5 проценти, државниот апарат веќе користеше бројка од 6,8 проценти во април. Доколку владата на Тиса не донесеше дома трилиони евра од ЕУ, буџетот ќе го покажеше можеби најголемиот дефицит досега, со стапка што се приближува до 8,3 проценти од БДП“, рече тој.

Тој исто така рече дека членовите на владата, на неформален состанок за време на викендот, „барале логика, значење и општествена корист“ зад одлуките на претходната влада, но не пронашле ништо, и дека претходната влада украла 16 години од земјата.

Во текот на изминатите педесет дена, новата унгарска влада формираше независно Министерство за здравство, Министерство за образование и детски прашања, Министерство за животна средина, Министерство за земјоделство и прехранбена економија и Министерство за рурален и локален развој.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author