iran sad napad

11.06.2026 Скопје

Во некои делови од Иран вечерва беше активирана воздушна одбрана, а на некои локации се слушнаа и експлозии.

Според извештаите на иранските агенции, звуците на воздушната одбрана се слушнале и западно од Техеран.

Во југозападната иранска покраина Фарс е активирана воздушна одбрана, а новинската агенција Мехр известува дека експлозијата што се слушнала во градот Фарс е резултат на активирање на систем за воздушна одбрана надвор од градот.

Агенцијата додаде дека експлозии се слушнале во јужниот град Минаб.

Новинската агенција Тасним објави дека се слушнале четири експлозии во Сирик, во јужен Иран.

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет претходно вечерва објави дека САД вечерва ќе бомбардираат клучни ирански објекти, потврдувајќи ја претходната закана од американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп претходно денес објави дека САД ќе „го нападнат Иран многу силно“ вечерва, велејќи дека американските сили веќе извршиле напади и ќе продолжат да напаѓаат. Тој претходно изјави дека можеби ќе ѝ нареди на американската војска да ги продолжи нападите врз иранските електрани и мостови, велејќи дека Иран предолго ги одложува преговорите со САД.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author