EMERSONN

18.06.2026 Скопје

Долниот дом на парламентот на Зимбабве денес усвои закон со кој се продолжува претседателскиот мандат на земјата од пет на седум години, дозволувајќи му на сегашниот претседател Емерсон Мнангагва (83) да остане на власт до 2030 година.

Се очекува законот да биде усвоен и од Горниот дом на Парламентот, кој е контролиран од владејачката партија на Мнангагва, Африканската национална унија на Зимбабве – Патриотски фронт (ЗАНУ-ПФ).

Знаци дека Мнангагва сака да остане на власт по завршувањето на неговиот втор мандат во 2028 година се појавија пред околу две години, кога неговите поддржувачи почнаа да скандираат вакви слогани на митинзите на ЗАНУ-ПФ.

Партијата минатата година одлучи да го промени уставот за да ги продолжи претседателските мандати, а планот доби владина поддршка во февруари.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author