02.06.2026 Скопје
Шест нови случаи на ебола се потврдени во Уганда, со што вкупниот број на потврдени случаи во земјата се искачи на 15, соопшти денес Министерството за здравство на Уганда.
Во соопштението на платформата X, Министерството за здравство на Уганда соопшти дека сите нови случаи на ебола имале претходен контакт со други потврдени случаи на болеста. Се наведува дека од почетокот на епидемијата, двајца пациенти се отпуштени од болница, а еден пациент починал.
Меѓународната организација за миграција (ИОМ) на ОН во меѓувреме предупреди дека затворањето на границите меѓу Уганда и Демократска Република Конго може да ги наведе луѓето да користат помалку контролирани неформални премини, зголемувајќи го ризикот од понатамошно ширење на вирусот ебола.
ИОМ соопшти дека податоците од мониторингот покажуваат дека луѓето сè уште ги преминуваат границите, иако Уганда ја затвори својата граница со Конго.
„Потврдата за прекугранично пренесување на вирусот во Демократска Република Конго и Уганда е силен потсетник дека надзорот врз болестите е толку силен колку што е најслабата точка долж заедничката граница“, изјави портпаролката на ИОМ, Зои Бренан, пред новинарите во Женева.
Светската здравствена организација денес соопшти дека во Конго се потврдени 321 случаи на ебола, а се сомнева дека има уште 116 случаи.
Подготвено од А.Ѓ.