Tramp

03.06.2026 Скопје

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека прекинот на огнот меѓу САД и Иран останува на сила и покрај неодамнешната размена на оган и додаде дека преговорите напредуваат „многу добро“. „Прекинот на огнот таму е многу различен од прекините на огнот во другите делови на светот“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба на Белата куќа.

Трамп оцени дека потенцијален напредок во преговорите би можел да се случи веќе овој викенд.

Тој изјави дека постои „причина“ зад нападите на САД врз Иран, велејќи дека Иран „одмаздува“ за нападите.

Претходно денес, иранските медиуми објавија дека преговорите меѓу САД и Иран се уште се во тек, но дека не е донесена конечна одлука, пренесува Танјуг. Причината за неуспешните разговори меѓу двете страни во Пакистан е тоа што Иран не сакал неговата нуклеарна програма да биде дел од преговорите.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author