11.06.2026 Скопје
Словенија беше погодена од силно невреме, проследено со бура и врнежи од дожд, а некои места беа погодени од град. Најголеми штети од невремето беа предизвикани во Горењска во северозападна Словенија, каде што невремето однесе покриви, а беа регистрирани и поплави.
Поради бурите со обилни дождови, противпожарните служби се на терен, особено во северна Словенија.
Силен град ја погоди областа околу Шкофја Лока, јавува Танјуг. Според Електро Љубљана, 8.000 корисници се без струја, главно во областите Водице, Коменда и Радомељ.
Подготвено од А.Ѓ.