UNICEF-UNI40568-Pirozzi_3.jpg

16.06.2026 Скопје

Речиси сите деца во светот се изложени на барем една климатска опасност, а стотици милиони се соочуваат со повеќекратни ризици како што се суши, екстремна топлина и поплави, се вели во нов извештај на Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ).

Според УНИЦЕФ, околу 1,8 милијарди деца се изложени на суши, додека 1,2 милијарди се погодени од екстремна топлина.

Организацијата предупредува дека децата се „несразмерно погодени“ од интензивирањето на климатските промени и ги повикува владите итно да инвестираат во инфраструктура и системи за управување со катастрофи.

Во извештајот се вели дека околу 1,1 милијарда деца се изложени на најмалку три преклопувачки климатски ризици, вклучувајќи поплави, топлотни бранови и бури.

Извештајот, исто така, предупредува на „повеќекратни опасности“ што би можеле да ги оптоварат јавните системи и социјалните услуги.

Дополнителни ризици вклучуваат болести како што е маларијата, на која се изложени околу милијарда деца, главно во Африка.

Во 2024 година, на 242 милиони деца во 85 земји им било нарушено образованието поради климатските опасности.

УНИЦЕФ ги идентификуваше Сомалија, Мадагаскар, Мјанмар, Камбоџа и Пакистан како најранливи земји, додека економиите зависни од земјоделството во Африка и Азија се особено изложени на ризик.

Во извештајот, исто така, се наведува дека децата во земјите без излез на море страдаат од непропорционални ризици од суши, опустинување и поплави, предупредувајќи дека проблемите со недостигот на вода дополнително ќе се интензивираат во наредниот период.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author