POLSKA I GERMANIJA

17.06.2026 Скопје

Полска и Германија денес во Варшава потпишаа билатерален договор за одбрана, објавија министрите за одбрана на двете земји.

Полскиот министер за одбрана Владислав Косинска-Камиш на прес-конференција со својот германски колега Борис Писториус изјави дека одбранбениот договор меѓу двете земји отвора нови области за соработка.

Косињак-Камиш изјави дека договорот овозможува соработка меѓу Германија и Полска во областа на кибербезбедноста, заедничка команда во Балтикот, како и нови технологии.

Документот беше потпишан на 35-годишнината од потпишувањето на полско-германскиот договор за добрососедски односи и пријателска соработка.

Полска веќе потпиша договори за одбрана со Франција и Обединетото Кралство и работи на договор со Италија поради наводната закана од Русија, соопшти агенцијата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author