Amazon-profit-and-tax-2018-na

04.06.2026 Скопје

Американската платформа Pinterest денес објави дека постигнала договор за соработка со подружницата на Amazon AWS, нејзиниот главен давател на услуги во облак, а новиот договор вклучува инвестиција од дури четири милијарди долари за услуги во облак до 2031 година.

Ова е најголемиот инфраструктурен договор во историјата на Pinterest, насочен кон забрзување на развојот на технологиите за вештачка интелигенција, подобрување на пребарувањето и купувањето на платформата и модернизација на глобалната платформа за визуелно откривање.

„Пинтерст инвестира многу во вештачка интелигенција за да го направи откривањето содржини поперсонално, визуелно и практично за стотиците милиони луѓе кои ја користат нашата платформа секој месец“, рече главниот директор за технологија на компанијата, Мет Мадригал.

Pinterest и AWS соработуваат од 2010 година, а новиот договор значително го продлабочува тој однос за да ја поддржи следната фаза на раст на Pinterest во областите на обука за модели на вештачка интелигенција, инференција и целокупна инфраструктура.

„Проширувањето на нашата соработка со подружницата на Амазон ни дава флексибилност, избор на хардвер и ефикасност на инфраструктурата потребни за забрзување на нашата визија“, рече Мадригал во соопштение на веб-страницата на Pinterest.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author