Mickoski-5

23.06.2026 Скопје

Не очекувам позитивен развој на односите со Бугарија, напротив, верувам дека ситуацијата се радикализира, изјави денес премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали очекува некаква промена во односите со Бугарија, а во контекст на денешното учество на претседателот на Собрните, Африм Гаши, на конференцијата на ПСЈИЕ во Софија, во чии рамки ќе се одржи билатерална средба со претседателката на бугарскиот парламент, Михале Милчева-Доцова.

Како причина за оваа изјава, Мицкоски го наведе јавното објавување на дипломатска нота за неколкудневниот престој на неговата сопруга и помладиот син во Пампорово, Бугарија, претходно оваа година.

„Па, не го очекувам тоа, но сигналите што доаѓаат оттаму не ме прават оптимист, напротив, ситуацијата станува сè порадикална. Вчера видовме преседан во дипломатијата кога беше издадена дипломатска нота за тридневен престој на мојата сопруга и мојот помлад син кај нашите роднини, да речеме, во Пампорово, нешто што е невообичаена практика во светот на дипломатијата и можеби уникатно како такво. Замислете сега да ги извадиме сите дипломатски ноти испратени од нашиот источен сосед и практично во тие дипломатски ноти да пишуваат работи што би можеле да бидат интересни за јавноста. Значи, вчера видов преседан“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека веќе ги информирал партнерите на Македонија во НАТО за случајот бидејќи објавувањето на дипломатската нота, како што рече, ја загрозува безбедноста на неговото семејство. Им се извини на сопругата и помладиот син што морале да го издржат сето ова.

„Сепак, ние сме земја членка на НАТО. Би сакал да ја искористам оваа можност да им се извинам на мојата сопруга и на мојот помлад син Антони што мораа да го издржат сето ова. Сепак, сите овие индикатори што ги гледаме не укажуваат дека се движиме кон подобрување, туку напротив, имаат некои аматерски потези кои, за мене, се сосема неразумни и нејасни, но, во секој случај, треба да останеме фокусирани на она што е нашата задача, а тоа е да ја исполниме Реформската агенда, да спроведеме реформи дома, да ја градиме економијата, да растеме итн. Тоа е нашата задача како влади, нека си ја работат својата работа, нека ние ја работиме работата за која граѓаните нè избраа, а тоа е да испорачуваме проекти и да решаваме проблеми“, рече Мицкоски.

Дипломатската нота на која се повикува Мицкоски е писмо од 6 јануари оваа година во кое Македонската амбасада во Софија го информира бугарското Министерство за надворешни работи дека сопругата на премиерот и еден од неговите синови ќе патуваат во Пампорово, Бугарија, на 8 јануари.

Дипломатскиот документ беше објавен на социјалните мрежи минатата недела.

Како што може да се види во дипломатскиот документ, објавен од групата „Грубовци, Ениџе Вардар – Родна Македонија“, покрај датумот на патувањето, во него се наведува и приближното време кога сопругата и помладиот син на Мицковски ќе ја преминат границата меѓу Македонија и Бугарија, како и детали за нивната безбедност – имињата на нејзините членови, возилата со кои патуваат, комуникациските уреди и оружјето што го носат со себе.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author