AVIO LETOVI

08.06.2026 Скопје

Воздушниот простор над Иран, Ирак и Сирија е привремено затворен за цивилен сообраќај поради нова ескалација на воениот конфликт на Блискиот Исток.

Според извештаите, авионите престанале да летаат над трите земји, додека Израел, исто така, ги суспендирал повеќето летови. И покрај ова, три патнички авиони полетале од израелските аеродроми за Будимпешта, Атина и Еилат.

Поради пренасочувањето на воздушниот сообраќај, некои авиони се концентрирани во воздушниот простор над Јордан, кој претходно беше на рутата на ракетите испукани кон Израел.

Иран лансираше ракети кон Израел во ноќта меѓу 7 и 8 јуни, што доведе до нови безбедносни мерки во регионот. Ирачките власти објавија дека воздушниот простор на земјата е затворен 72 часа.

Сирија објави привремено затворање на аеродромот во главниот град во траење од 12 часа по експлозиите во близина на Дамаск. Според локални извори, експлозиите се резултат на пресретнување на ирански ракети.

Техеран претходно изјави дека ракетниот напад врз израелски цели бил одговор на она што го нарекоа кршење на прекинот на огнот. Иранската страна изјави дека Исламската Република покажала воздржаност еден месец, но дека по новите израелски акции следувал одговор.

Ова е прв директен ирански напад врз Израел откако прекинот на огнот стапи на сила во април. Израелската војска, по иранскиот напад, најави одговор и рече дека нејзините сили гаѓале воени цели во западен и централен Иран.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author