megjunaroden sud vo hag 123

23.06.2026 Скопје

Нигер формално го напушти Меѓународниот кривичен суд и го обвини телото за селективна правда.

Земјата вчера испрати писмо до Обединетите нации (ОН) во кое наведува дека го започнала процесот на повлекување од Римскиот статут, основачкиот договор на судот.

Со тоа, Нигер станува третата земја што го напушта меѓународното тело, по Филипините и Бурунди.

„Иако судот предизвика големи надежи кај нациите што го ценат мирот и правдата, тој (судот) беше злоупотребен и експлоатиран“, се наведува во писмото.

Нигер, Мали и Буркина Фасо минатата година објавија дека ќе го напуштат судот, поради бурните политички и воени кризи во секоја од нив.

Демократски избраната влада на Нигер беше соборена во 2023 година и оттогаш е управувана од воена хунта, која ги прекина врските со претходните партнери и воспостави соработка со Русија, додека Мали и Буркина Фасо претрпеа слични трансформации.

Меѓународниот кривичен суд изрази разочарување поради излегувањето на Нигер.

„Жалиме за секоја одлука да се откажеме од колективните напори за ставање крај на неказнивоста за најсериозните меѓународни злосторства“, се вели во соопштението на судот.

Повлекувањето на Нигер ќе стапи на сила 12 месеци по приемот на писмото, но сите злосторства извршени пред тоа официјално остануваат предмет на надлежност на судот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author