evropa mapa

01.06.2026 Скопје

Сезонски прилагодената стапка на невработеност во еврозоната изнесуваше 6,3 проценти во април, исто како и во март, додека кај младите под 25 години таа малку се намали од 15,1 процент во март на 14,7 проценти, објави денес Евростат.

Вкупниот број на невработени лица во еврозоната се намали за 84.000 во споредба со март, на вкупно 11,07 милиони луѓе.

На годишно ниво, бројот на невработени лица во еврозоната е зголемен за 45.000 во споредба со април минатата година. Стапката на невработеност кај жените во еврозоната е 6,5 проценти, а кај мажите шест проценти.

Меѓу најголемите економии во еврозоната, најниски стапки на невработеност во април се регистрирани во Германија (3,8%) и Холандија (3,9%), додека највисоки вредности се регистрирани во Шпанија (10,3%), Франција (8,2%) и Италија (5,1%).

На ниво на целата Европска Унија, стапката на невработеност остана непроменета на шест проценти во април, а околу 13,24 милиони луѓе моментално се невработени, според веб-страницата на Евростат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author