11.06.2026 Скопје
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денес изјави дека сите страни мора да работат на прекин на огнот и дипломатско решение што целосно ќе го почитува територијалниот интегритет, суверенитетот и политичката независност на Либан.
Гутереш во објава на Платформа X изјави дека мора да има сеопфатен прекин на огнот во Либан.
Тој нагласи дека целосно го поддржува монополот на либанската влада врз оружјето.
Гутереш изрази надеж дека понатамошните преговори ќе придонесат за траен мир и стабилност меѓу Либан и Израел.
Гутереш потсети дека Израел ги интензивираше операциите на либанска територија од март, додека либанската милитантна група Хезболах продолжи да напаѓа израелска територија.
Подготвено од А.Ѓ.