toplo

23.06.2026 Скопје

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди во Лондон за последиците од климатските промени, велејќи дека британскиот главен град „врие“ поради екстремната топлина.

Зборувајќи на Лондонската недела на климатска акција, Гутереш рече дека светот се соочува со „приказна за две кризи“ – климата и енергијата, кои, како што рече, имаат исто „деструктивно потекло“ во зависноста од фосилните горива.

Тој предупреди дека климатската криза ја „турка“ планетата кон сè повисоки температури и потенцијално опасни пресвртни точки, и дека енергетската криза, според неговите зборови, ја покажува „глупоста“ на потпирањето на јаглеводороди.

Гутереш во својот говор го цитираше писателот Чарлс Дикенс и романот „Приказна за два града“, додавајќи дека денешните околности во Лондон симболизираат поширока глобална криза.

„Кризата носи јасност и тука во Лондон, градот на Дикенс, јасно е дека нашиот свет се соочува со „приказна за две кризи““, рече тој.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author