Marta-Kos

15.06.2026 Скопје

Еврокомесарката за проширување Марта Кос изјави дека денешниот ден е „мега понеделник за проширувањето на Европската Унија“ и ден што се користи за поттикнување на земјите-кандидатки да продолжат со темпото на реформите.

Таа го напиша ова на социјалната мрежа X, по повод отворањето на првите кластери со Украина и Молдавија и затворањето на уште две поглавја со Црна Гора.

„Денес е мега понеделник за проширување на ЕУ. Прво, Украина и Молдавија ќе го направат својот најголем чекор од одлуката за започнување преговори за пристапување во ЕУ во 2023 година. Исто така, ќе затвориме уште две поглавја со Црна Гора, со што ќе се приближиме до половина од сите затворени поглавја. Тоа е ден што го користиме за да ги повикаме кандидатите да продолжат со темпото на реформи“, рече Кос.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author