LIBAN NAPAD

26.06.2026 Скопје

Преговарачите од Израел, Либан и САД вечерва потпишаа трилатерален рамковен договор по петтата рунда дипломатски разговори во Вашингтон за ставање крај на израелско-либанскиот конфликт.

„Ова е почеток на почетокот. Имаме многу работа пред нас. Денес е направен првиот чекор. Првиот чекор понекогаш е најтежок“, рече американскиот државен секретар Марко Рубио на церемонијата на потпишување.

Преговорите продолжија денес, иако требаше да завршат во четврток.

Израелските и либанските претставници ги негираа тврдењата дека израелските сили се повлекуваат од тампон-зоната во јужен Либан, по претходните извештаи дека Израел повлекол дел од своите војници како гест на добра волја.

Разговорите вклучуваа разгледување на предлогот, поддржан од САД, израелските сили да предадат дел од територијата што моментално ја контролираат на либанската армија.

Либан, во пресрет на преговорите, побара целосно повлекување на израелските сили од либанската територија, додека за Израел клучниот услов беше секое повлекување да биде условено со целосно разоружување на либанската милитантна група Хезболах и гаранции дека групата нема повторно да воспостави воено присуство по должината на границата.

Израел и Либан се согласија да спроведат пилот-проект за разоружување на либанската милитантна група Хезболах и префрлање на контролата врз јужен Либан на либанската армија, изјави денес израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Како што изјави тој, договорот предвидува спроведување на проектот во две области – една надвор од таканаречената „жолта линија“ на разделување, воена зона што се протега околу 10 километри северно од границата со Израел, јужно од реката Литани, како и во втора област во рамките на „жолтата линија“, северно од таа река, објави израелскиот весник „Хаарец“.

Во исто време, пратеникот на Хезболах во либанскиот парламент, Хасан Фадлала, објави дека организацијата го отфрла договорот за прекин на огнот што Израел и Либан го потпишаа денес во Вашингтон.

Фадлала оцени дека политиката на либанските власти претставува „еднострани и неоправдани отстапки“ кои, како што изјави, ќе го поткопаат Либан и ќе им служат на интересите на Израел.

Тој предупреди дека договорот може да доведе до „создавање опасни внатрешни поделби“ во Либан.

Преговорниците од Израел, Либан и САД вечерва во Вашингтон потпишаа трилатерален рамковен договор по петтата рунда дипломатски разговори насочени кон ставање крај на израелско-либанскиот конфликт.

„Ова е почеток на почетокот. Имаме многу работа пред нас. Денес е направен првиот чекор. Првиот чекор понекогаш е најтежок“, рече американскиот државен секретар Марко Рубио на церемонијата на потпишување.

Преговорите продолжија денес, иако првично беше планирано да завршат во четврток.

Пред разговорите, Либан побара целосно повлекување на израелските сили од негова територија, додека Израел постави клучен услов секое повлекување да биде условено со целосно разоружување на Хезболах и гаранции дека организацијата нема повторно да воспостави воено присуство по должината на заедничката граница.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author