15.06.2026 Скопје
Словачкиот премиер Роберт Фицо, по средбата со индискиот премиер Нарендра Моди во Братислава, изјави дека Индија треба да стане постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Фицо, како што објави словачката телевизија TA-3, рече дека Словачка ја поддржува реформата на ОН и дека на земјите како Индија мора да им се даде место што одговара на нивната политичка, економска и демографска важност во светот.
„Земји како Индија дефинитивно треба да станат постојани членки на Советот за безбедност на ОН“, рече Фико по разговорите со Моди.
Словачкиот премиер, исто така, објави дека двете земји се согласиле да ја подигнат билатералната соработка на стратешко ниво, нагласувајќи дека Братислава и Њу Делхи гледаат простор за значително зајакнување на односите во неколку области.
Дигиталните технологии, одбранбената индустрија и нуклеарната енергија беа наведени како приоритети за идна соработка.
Фицо особено нагласи дека Словачка, како земја со значајно искуство во мирнодопската употреба на нуклеарната енергија, е подготвена да го сподели ова знаење со Индија.
Посетата на индискиот премиер на Братислава беше оценета како важен чекор во зајакнувањето на односите меѓу двете земји, но и како дел од пошироките напори на Индија за зајакнување на своето политичко и економско присуство во Европа.
Подготвено од А.Ѓ.