ANITA ORBANNN

15.06.2026 Скопје

Будимпешта ќе го попречи процесот на пристапување на Украина кон Европската унија доколку Киев не ги исполни своите обврски според постигнатите договори, изјави унгарската министерка за надворешни работи Анита Орбан.

Во видео обраќање објавено на веб-страницата на аудиовизуелната услуга на ЕУ, таа изјави дека отворањето на првиот кластер за преговори со Украина, кој се однесува на основните права, демократијата и владеењето на правото, ќе биде условено од спроведувањето на договорените обврски.

„Ова значи дека доколку Украина не ги исполни своите обврски, процесот на преговори во рамките на поединечните кластери автоматски ќе биде суспендиран“, рече Орбан.

Таа додаде дека во овој контекст, примерот на Црна Гора е показател дека реформите во областа на правдата и владеењето на правото претставуваат клучен елемент на долгиот процес на европска интеграција.

Унгарската страна нагласува дека ги поддржува европските амбиции на земјите од Западен Балкан, како и приближувањето на Молдавија кон Европската Унија, но инсистира на строго исполнување на критериумите.

Унгарскиот премиер Петер Маѓар претходно изјави дека Будимпешта се согласила да започне преговори со Украина, но дека ова е почетна фаза од долгорочен процес што може да трае со години.

Во исто време, претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, објави дека земјите-членки на ЕУ постигнале договор за отворање на првиот преговарачки блок со Украина и Молдавија, со што формално започнува нова фаза од нивниот европски пат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author