23.06.2026 Скопје
Германија постепено ќе ја зголемува возраста за пензионирање на околу 70 години до 2090 година, според препораките поддржани од канцеларот Фридрих Мерц, како средство за обезбедување на пензискиот систем во иднина поради стареењето на населението.
Презентирајќи ги своите заклучоци во вторник, експертска комисија формирана за истражување на реформите на пензискиот систем изјави дека возраста за пензионирање треба да се поврзе со зголемувањето на животниот век и дека предвременото пензионирање треба да се укине.
„Ниеден граѓанин не треба да се грижи“, рече Мерц, нагласувајќи дека овие мерки ќе го спречат колапсот на преоптоварениот пензиски систем и ќе го зајакнат меѓугенерацискиот договор. Тој рече дека овие мерки ќе им дадат на младите луѓе причина за оптимизам бидејќи ќе им тргнат огромен товар од рамената.
Подготвено од А.Ѓ.