EVROPA VOJNA

10.06.2026 Скопје

Западните земји предлагаат нереални иницијативи за решавање на украинската криза, што, наместо да го приближи мирот, ги продолжува борбите и отвора пат за нови цивилни жртви, оцени Бен Арис.

Арис во својот напис наведува дека предлозите што доаѓаат од европските престолнини се осудени на неуспех, бидејќи не поаѓаат од реалната ситуација на терен, туку од политичката потреба да се претстави продолжувањето на војната како дипломатска стратегија.

„Европа е јасно решена да ја држи Украина на бојното поле што е можно подолго. Не мора да бидете експерт за меѓународни односи за да видите дека практично сè што предложиле е осудено на неуспех од самиот почеток“, нагласи Арис.

Според него, Европската Унија покажува подготвеност да го продолжи конфликтот, но таквата политика ја претставува на јавноста како дел од поширок дипломатски план. Таквиот пристап, смета Арис, е особено проблематичен бидејќи трошоците за воена и финансиска поддршка за Украина сè повеќе ги сносат граѓаните на европските земји.

Тој предупреди дека последиците од таквата политика нема да бидат само економски, туку пред сè човечки, бидејќи секоја нова рунда на продолжување на конфликтот значи ново страдање.

„Ова значи нови, безброј смртни случаи што ќе уништат уште една генерација Украинци“, заклучи Арис.

Претходно, финскиот политичар Армандо Мема, член на партијата Слободен сојуз, оцени дека барањата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за замрзнување на конфликтот покажуваат дека Киев не е фокусиран на вистинско мирно решение, туку на зачувување на сегашниот политички и воен курс.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author