SAD IRAN

16.06.2026 Скопје

Саудиската државна телевизија Ал Арабија објави договор од 14 точки што се очекува Вашингтон и Техеран да го потпишат во петок во Швајцарија за да се стави крај на војната.

Според документот, Иран и САД, заедно со нивните сојузници во тековната војна, ќе прогласат моментален и траен крај на војната на сите фронтови, вклучувајќи го и Либан, во чиј јужен дел израелската армија започна копнена офанзива.

Договорот предвидува меѓусебно почитување на суверенитетот, продолжување на преговорите за конечен договор во рок од максимум 60 дена, укинување на американската поморска блокада, обновување на бродскиот сообраќај, повлекување на американските сили од околните области по конечниот договор, исклучоци за извоз на иранска нафта, ослободување на замрзнатите ирански средства и план за економска реконструкција на Иран во вредност од најмалку 300 милијарди долари.

Иран во документот ќе повтори дека никогаш нема да произведува нуклеарно оружје, додека прашањето за збогатениот материјал и другите нуклеарни прашања ќе бидат решени со конечен договор. Дотогаш, двете страни ќе го одржат статусот кво, Иран во врска со својата нуклеарна програма, а САД во врска со санкциите и военото распоредување во регионот.

Конечниот договор ќе треба да биде ратификуван со обврзувачка резолуција на Советот за безбедност на ОН.

Вака склучен договор претставува значителна добивка за Иран. Техеран би добил укинување на поморската блокада, враќање на извозот на нафта, пристап до замрзнатите средства, можност за олеснување на санкциите и план за економска реконструкција вреден најмалку 300 милијарди долари, додека во оваа фаза ќе треба само да го повтори своето тврдење дека нема да произведува нуклеарно оружје и дека ќе го задржи статус кво во врска со својата нуклеарна програма сè додека не се постигне конечен договор.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author