KOSHTA I ZELESNKI

04.05.2026 Скопје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Ереван разговараше со претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, за напредокот во процесот на европска интеграција на Украина и понатамошното заострување на санкциите против Русија.

Зборувајќи на маргините на самитот на Европската политичка заедница, Зеленски му се заблагодари на Кости за, како што рече, неговото водство во деблокирањето на пакетот за финансиска поддршка од 90 милијарди евра, нагласувајќи дека Украина очекува првите транши брзо да бидат исплатени за инвестирање во заедничко производство на беспилотни летала и подготовка за претстојната зима, според соопштението објавено на веб-страницата на украинскиот претседател. Соговорниците посветија посебно внимание на отворањето на преговарачките кластери за пристапување на Украина во Европската унија, при што украинскиот претседател нагласи дека земјата е технички подготвена и очекува сите шест кластери да бидат отворени во наредните недели.

На средбата се разговараше и за понатамошно заострување на санкциите против Москва.

Зеленски го поздрави усвојувањето на 20-тиот пакет санкции од страна на Европската Унија и изрази очекување дека следниот пакет ќе вклучува построги мерки против таканаречената руска „флота во сенка“. Кошта и Зеленски разговараа и за дипломатските напори за постигнување праведен мир, а Зеленски го информираше својот соговорник за застојот во преговорите поради, како што изјави, развојот на ситуацијата поврзана со војната во Иран, како и контактите со американската страна.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author