04.05.2026 Скопје
Шпанската полиција заплени рекордни 40 тони кокаин во Атлантскиот Океан, соопшти денес Синдикатот на шпанската цивилна гарда (AUGC). Извори на AUGC изјавија дека Шпанската цивилна гарда во петокот пресретнала брод за шверц во меѓународни води крај Канарските Острови, а околу 20 лица биле уапсени за време на полициската операција.
Бродот, кој шпанската полиција моментално го проверува на Канарските Острови, тргнал од главниот град на Сиера Леоне, Фритаун, и се упатил кон Бенгази во Либија, откако низа слични операции во минатото сугерирале дека дрогата се истоварувала на помали бродови за понатамошна дистрибуција во Европа.
Шпанскиот министер за внатрешни работи, Фернандо Гранде-Марласка, им изјави на новинарите во Мадрид дека заплената „е една од најголемите, не само на национално, туку и на меѓународно ниво“, без да даде дополнителни детали.
Тесните врски на Шпанија со Латинска Америка и близината до Мароко, водечки производител на канабис, ја прават Шпанија клучна влезна точка за дрога во Европа.
Подготвено од А.Ѓ.