EBOLAA

18.05.2026 Скопје

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC) соопшти во неделата дека мобилизирал ресурси за справување со епидемиите на ебола во Демократска Република Конго и Уганда.

По 80 сомнителни смртни случаи, Светската здравствена организација (СЗО) прогласи епидемија на ебола и вонредна состојба за јавното здравје од меѓународен интерес.

Најмалку шест Американци биле изложени на вирусот ебола во Демократска Република Конго, изјавија извори од меѓународни хуманитарни организации, иако не е јасно дали некој е заразен.

Тројца Американци имале контакт со или биле изложени на висок ризик, а еден од нив имал симптоми на ебола.

Според Центрите за контрола и превенција на болести, во Конго до недела имало повеќе од 300 сомнителни случаи и осум лабораториски потврдени случаи оваа година.

ЦДЦ соопшти дека ги поддржува меѓуагенциските партнери кои активно ја координираат безбедната евакуација на малиот број Американци директно погодени од оваа епидемија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author