PROTEST ALBANCI

18.05.2026 Скопје

Во Скопје попладнево започна најавениот протест на кој студенти Албанци бараат да се дозволи полагање на правосудниот испит во државата на албански јазик. Неколку стотици луѓе, со бројни албански знамиња и транспаренти, се собраа на плоштадот на влезот во Скопската чаршија.

„Обединете се со студентите – сите заедно“, гласи слоганот на протестот, кој е втор протест организиран од албански студенти како резултат на, како што велат, отфрлањето на нивното барање од страна на министерот за правда.

На денешниот протест беа истакнати повеќе транспаренти со политички и националистички пораки и се носеа албански знамиња, како и знамиња на ЕУ и САД.

Дел од пораките на транспарентите се: „Студентите не се предаваат“, „Овој јазик има маченици зад себе“, „Не ми ја допирајте иднината“, „Знаењето нема забранет јазик“, „Политиката го зароби Уставниот суд“…

Подготвено од А.Ѓ.

About Author