SLOVACHKA

13.05.2026 Скопје

Словачка ги затвори сите гранични премини со Украина денес околу 15:00 часот од безбедносни причини, соопшти Финансиската администрација (ФА) на Словачката Република.

„Финансиската администрација препорачува јавноста да ги следи актуелните информации и да ги следи упатствата на Финансиската администрација и Полициските сили“, се вели во соопштението, според словачкиот портал „Актуели“.

Мирослав Билецки, началник на Регионалната воена администрација на Закарпатија, област што граничи со Словачка, објави дека е во тек најмасовниот руски напад врз Закарпатија од почетокот на руско-украинскиот конфликт.

„Експлозии се слушнаа во неколку села во регионот. Сите информации ќе бидат објавени подоцна. Предупредувањето е сè уште на сила. Ги повикувам жителите на регионот да не ги напуштаат своите засолништа“, рече Билецки.

Според локалните власти, во погодените области се слушаат експлозии, а системите за надзор го снимаат движењето на беспилотните летала.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author