19.05.2026 Скопје
Стратешките ризици од „фронтален конфликт“ меѓу НАТО и Русија се зголемуваат, а неговите последици би биле катастрофални, изјави денес рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
Рјабков рече дека има забележителна „ескалација на наративот од европските престолнини за претстојната закана од војна со висок интензитет со Русија“.
„Како резултат на оваа ескалација на тензиите, вклучувајќи ги и отворено провокативните дејствија во нуклеарната сфера, се зголемуваат стратешките ризици и опасноста од директен конфликт меѓу НАТО и нашата земја, со сите потенцијално катастрофални последици што тоа ги подразбира“, нагласи Рјабков.
Коментирајќи ја намерата на Финска да дозволи увоз на нуклеарно оружје, како и плановите на Франција и Полска да спроведат вежби над Балтичкото Море за да вежбаат нуклеарни напади врз цели во Русија, Рјабков рече дека „Русија јасно и недвосмислено го изрази својот исклучително негативен став кон ваквите подготовки од страна на Европејците“.
„Овие чекори се придружени со непријателска антируска реторика и се дел од општиот процес на забрзана милитаризација на Европа, отворено насочен против нашата земја“, додаде Рјабков.
Подготвено од А.Ѓ.