RADEV

05.05.2026 Скопје

Бугарската претседателка Илијана Јотова денес изјави дека ќе ѝ понуди мандат за формирање нова влада на Прогресивна Бугарија (ПБ), партијата на поранешниот претседател Румен Радев, која оствари убедлива победа на парламентарните избори минатиот месец.

„Ќе го дадам мандатот за формирање влада на 7 мај“, рече Јотова, додавајќи дека ПБ, најголемата парламентарна партија, дала гаранции дека ќе го подготви составот на кабинетот. Јотова изрази надеж дека парламентот ќе ја потврди новата бугарска влада веќе на 8 мај.

Партијата на Радев, Прогресивна Бугарија, освои 44,6 проценти од гласовите откако беа преброени сите гласачки ливчиња, доволно за да владее без коалициски партнер, со што се стави крај на периодот на политичка нестабилност што доведе до осум изборни циклуси за пет години. Народната партија претходно објави дека Радев, евроскептичен поранешен генерал и пилот на борбен авион, кој се противи на воената поддршка за Украина, ќе биде нејзин кандидат за премиер.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author