20.05.2026 Скопје
Носачот на авиони на американската морнарица „УСС Нимиц“ денес вплови во Карипското Море, откако САД претходно поднесоа обвинение против поранешниот кубански претседател Раул Кастро.
Носачот на авиони пловел во придружба на други воени бродови, а Јужната команда на САД објави дека носачот досега „се појавил во Тајванскиот теснец и Арапскиот Залив“.
Претходно денес, САД поднесоа обвиненија против Кастро за инцидент од 1996 година во кој три мали цивилни авиони полетаа од аеродром во близина на Мајами, организирани од група кубански егзиланти кои бараа луѓе кои се обидуваа да ја напуштат Куба во импровизирани чамци. Кубанските сили соборија два од авионите, при што загинаа четири лица. Кастро во тоа време беше министер за одбрана.
Подготвено од А.Ѓ.